„Извршена е трансплантација на 28-годишен пациент кој имаше скинати предни вкрстени лигаменти на десното колено и претходно беше подложена на реконструкција на антеролатералните лигаменти на истото колено. За реконструкција на предниот вкрстен лигамент, користен е алографт од пателарен лигамент, земен од починат дарител“, информираа денеска од Министерството за здравство, оценувајќи ја оваа интервенција како ретка и успешно изведена.
Ова е 6-та реконструкција на предниот вкрстен лигамент на коленото со помош на алографт, извршена на Универзитетската клиника за ортопедија – Скопје.
Хируршката интервенција ја изврши доц. Др. Алан Андоновски со својот тим асистенти: др. Мики Ѓорески и Др. Корнелија Ѓорѓиеска, анестезиолог д-р. Мики Филев, Др. Ивана Колевска со анестезиолог Гордана Захариева, инструмент техничар Кристина Реџеп и помошен персонал Шехиде Селмани и Дардан Селмани.
„Изразувам благодарност и голема почит кон здравствените работници и сите кои учествуваат во процесите на трансплантација, особено до семејствата донатори, без чија хуманост и добрина трансплантацијата не би била возможна“, рече проф. Др. Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.