Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно се до евентуална евакуација и посочува дека според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.
„Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја“, велат од МНР и изразуваат сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.
На располагање се, додаваат, СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.