Министерство за образование и наука: Почнува процесот за аплицирање за лиценци за работа во градинките, измената на Законот за заштита на децата помина во собраниска процедура

Измената на законот за заштита на децата помина во собраниска процедура и со тоа започнува процесот за аплицирање за лиценци за работа во детски установи.

Поточно, од октомври 2023 година стручниот испит за добивање лиценца за работа во детски установи нема да се одржува, овој испит се однесува на сите кандидати кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Министерството за социјална политика, демографија и млади е надлежно за доделување лиценци за работа и тоа: лиценца за стручен работник, за стручен соработник, за воспитувач, лиценца за старател и лиценца за директор.

Работната лиценца што ја добиваат лицата кои сакаат да се вклучат во системот за згрижување и образование за деца од предучилишна возраст е неопходен критериум, односно задолжителен услов што тие треба да го исполнуваат, па без валидна работна дозвола овие лица не можат да аплицираат за вработување во градинките, каде што во моментов, имаат најголема потреба од вработување на ваков вид кадри на државно ниво.