Минчев: Законите за реформи во јавната администрација во собраниска процедура на почетокот на јануари

„Реформата на јавната администрација, со сите аномалии што ги има, не е процес што може да се заврши преку ноќ. Првично тоа е процес на одобрување закони, но тие мора да бидат суштински, квалитативни и применливи, за да може да продолжи втората фаза, односно имплементацијата на овие закони“.

Ова го изјави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, пред состанокот на Управниот совет на Регионалната школа за јавна администрација (РеСПА).

„Тој нагласи дека во моментов имаме многу голема, многу бавна јавна администрација.

„Во рамките на новите законски решенија на кои работи работната група во Министерството за јавна администрација ќе понудиме некои решенија како пилот проекти кои ќе се однесуваат на делумно намалување на јавната администрација“, рече Минчев.