Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска на прес-конференција најави дека ќе се укине балансерот. Оваа дигитална алатка, рече тој, била предмет на злоупотреба во минатото.
Според Минчеви, во Министерството за јавна администрација (МАБ), од вкупниот број вработени административци, 43 отсто се од етнички заедници и тоа е предмет на ревизија.
Според министерот, за прв пат ќе се формира агенција за стручно усовршување и обука на административци, но се уште се размислува дали ова тело да биде дел од МВР или од Владата.
„Балансерот во минатото беше предмет на злоупотреба. Сме имале случаи каде на етничките Македонци им пишувале Албанци, а на етничките Албанци Македонците. Имавме и случаи кога припадниците на другите етнички заедници се пишуваа како Македонци. Можам да го конкретирам со сегашниот случај, според новата систематизација и бројот на вработени во новиот МАБ, каде од вкупниот број вработени во јавната администрација, 43 отсто се од етнички заедници. Балансерот како дигитална алатка ќе се укине.
Бројките ќе се однесуваат на резидентно население според последниот попис од 2021 година и со тоа ќе се применува и тоа е веќе завршена работа“, вели Минчев.