МИРОСЛАВ ИЛИЌ НЕ НИ ПРЕТПОСТАВУВА ШТО МУ СЕ ПОДГОТВУВА! Лута и бесна поранешната љубовница решила да ги открие сите ПИКАНТЕРИИ од судот

Мирјана Антоновиќ , бившата љубовница на Мирослав Илиќ , кому му се суди за докажување на татковството на синот Девин , реши да ги открие сите детали во судницата.

Лута и бесна Мирјана Антоновиќ по осум години тешка судска битка со пејачот за да докаже дека е татко на нејзиниот син Девин Антоновиќ, решила да открие се во новата книга што ја пишува.

– Мирослав прво ме тужеше за прогонување а потоа и за откривање информации во судот. И двете завршија во моја корист. Државата ми ги плати сите трошоци – објасни Мира.

Таа се осврна и на продолжението на нејзината книга, која опширно ја пишува и која наскоро ќе излезе од печат, но се уште се чека официјалниот крај на судењето со Мирослав Илиќ.

– Мојата желба беше да напишам книга за здравјето и одржувањето на младоста, но сепак ќе треба да напишам информативна книга за овие настани од судот кога се ќе заврши. Затоа што тоа што ми се случува не може да се измисли. Кога ќе заврши судењето, ќе ја објавам книгата. Таму ќе ги откријам сите работи што ми се случија во текот на судскиот процес, што ми направи Мирослав на Девин и мене, како ни го загорчи животот, така да се каже. Што да кажам, освен дека да не е трагично, би било комично – заклучила Мира.