Синоќа во Хаг, на покана на неговиот холандски колега Рубен Брекелманс, министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.
Мисајловски, како што соопшти Министерството за одбрана, на состанокот нагласи дека РМВ останува силно посветена на заедничката цел – безбеден Алијанса и над милијарда безбедни луѓе во светот.
„Исполнувањето на целите на НАТО за капацитети е највисок одбранбен приоритет и тоа ќе се постигне преку инвестиции во одбраната, како и преку континуиран процес на модернизација и опремување на Армијата“, нагласи Мисајловски.
Самитот на НАТО во Хаг започнува денес, а северномакедонската делегација, во која се и министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ја предводи претседателката Гордана Силјановска-Давкова.