Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој што во однос на скандалот на Онкологија истакна дека сето она што се случувало на Онкологија се знаело а обвинителството молчи и нема обвинителен акт и чудно е што таму постои компанија која што има монопол и е во директен дослух со власта.
„Навистина се чудам јас и целиот македонски народ како може толку долго време да нема случај да нема обвинителен акт ви текнува како за еден ден се правеа решенија притвори за нарачани прогони а сега имаме еден од најголемите случаеви во македонското здравство, случај кој ние го нарекуваме канцер мафија бидејќи навистина се тргувало со луѓе, со човечки судбини да нема истрага, некоја предистрага има. Но многу е сомнително што години наназад се знаело за сето ова. Еве денеска имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прес каде што кажа фрапантни податоци поготово што се се правело последните две години зборуваме за периодот од 1 август 2021 до 2023 август каде што фондот за здравство веќе прави истрага каде што може да се види дека се се знаело, дека тие сите проблеми сега се на површина тие постоеле. Проблемот е што никој ништо не презел“ нагласи Мисајловски.
Мисајловски посочи сето она што се случувало на Онкологија е поради пари и тендери, а за сето ова јавното обвинителство молчи.
„Како е можно некоја компанија да има монопол. Тоа е прво и основно. Има компании што се монопол таму и се заедно со власта во сето ова. Иако постојано слушаме од власта дека се работи за некој период многу одамна. Сега се докажува со своите документи со своите институции дека меѓу себе тие како инспекциски надзор имаат се на хартија што е погрешно и што треба да се преземе. Најголемиот проблем зошто ја спомнав оваа веледрогерија и тие околу нив паразити бидејќи тие се во директен дослух со владата и затоа не е преземено ништо. Ова што се случувало е за пусти пари и јавни набавки. Ако направите една анализа, зошто се донесе кривичниот законик и зошто во овој случај можеби случајно во тој кривичен законик се тргна оној спорен член за јавни набавки. Дали има нешто можеби сомнително овде, дали тие јавни набавки се проблем, и најголемиот проблем е што замислете јавното обвинителство молчи“ посочи Мисајловски.
Многу луѓе, посебно младите се разочарани од власта поради нефункционирање на системот, затоа што луѓето не можат да завршат работа во институциите и за тоа мора да фаќаат врски, термин не може да се најде за да закажат за сликање за пасош, лична карта. Јас имам пример, каде што наши граѓани ми кажале дека за сликање за пасош им закажале во јули, август следната година, тоа се многу месеци, затоа се луѓето разочарани и сега си викаат кога ќе го земам пасошот ќе си заминам, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Тој во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа истакна дека младите се разочарани од актуелната власта која не воспостави функционирање на системот, напротив го руинираше и тие единствено што размислуваат е да си заминат од државата.
„Многу од нив се разочарани од институциите и тоа треба да го смениме. Треба да размислуваме на дигитализација, треба да размислуваме како со помалку ресурси повеќе продуктивност да има во самите институции, а не само да се вработуваат луѓе. Треба да размислуваме како младите кои што се нај квалитетни и најголем дел од нив разочарани, први да влезат во институциите да помогнат, по готово оние што се млади и паметни, бидејќи требаат а не да заминат во странство и таму да бидат најпаметните во тие институции и општества, бидејќи добро е за државата да останат тука“, рече Мисајловски.
И затоа, додаде тој, со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и она што ние како платформа ќе го понудиме следниот период е младите да се пронајдат тука во Македонија, бидејќи ова е шанса сите да се сплотиме, а не само да се казни ДУИ и СДСМ кои се на власт, туку да се даде шанса за нов почеток и нов просперитет.
Мисајловски посочи дека од сите политичари треба да се извади најдоброто и тие да го дадат максимумот од себе за доброто и во интерес на држава и граѓани, а тоа може да се види оваа нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ и тоа може да се види на дело и во општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и од пратеничката група дека се многу поразлични како и од раководството на партијата.
„И затоа ги охрабрувам младите луѓе да останат во Македонија, затоа што ќе има подобра иднина за нив. Затоа што важно е да останат во Македонија и да ја градат државата и сите заеднички да придонесеме за Македонија да ја направиме подобро место за живеење“, рече Мисајловски.
Во однос на рејтинзите кои во последните истражувања на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски води два спрема еден во однос на владејачката СДСМ, Мисајловски истакна дека и порано истакнал дека колку подолго нема избори толку поголема ќе биде разликата на анкетите која подоцна ќе се одрази и со гласови на избори.