Мислевме дека веќе сме ја виделе во најдобрите изданија, а сега се појави во фатална комбинација

Познатата актерка Пенелопе Круз се верува дека е кралица на црвениот тепих, а таа уште еднаш не увери во вистинитоста на тврдењето дека и понатаму е меѓу најфаталните жени. Таа има 58 години, а беше вистинска ѕвезда на модната недела во Париз.

Таа се појави на настанот Lancome X Louvre организиран во рамките на престижниот седумдневен моден настан кој собра ѕвезди во француската престолнина по Лондон, а блесна во црна комбинација која одлично го истакна нејзиниот исончан тен.

Станува збор за ефективен и чипкаст црн комбинезон со голи рамена од новата колекција на Giambattista Vali за есен 2023 година, кој одлично ја истакна нејзината линија со примеси на сензуалност.

Комбинезонот имаше постава за да не се гледа се, бидејќи е проѕирен, а воедно и долга наметка сошиена во струкот, која на целиот стајлинг му даваше шмек на драма. Со ова таа внимателно криеше се што не сакаше да се види, а стајлингот го комплетираше со црна чанта, црни сандали на платформа и впечатливи висечки обетки.

Нејзината препознатлива насмевка е нејзиното најсилно оружје и не го симна додека трпеливо позира пред насобраните фоторепортери.