Нарушувањето на сонот може да биде еден од раните знаци на болеста, ракот на крвта, но тие често остануваат незабележани или се припишуваат на други здравствени проблеми.
Според Blood Cancer UK, луѓето со оваа болест често имаат тешкотии да заспијат, да се будат во текот на ноќта или да спијат во невообичаени времиња.
Овие проблеми може да се резултат на самиот рак , особено ако предизвикува болка или отежнато дишење. Исто така, стресот и анксиозноста поврзани со болеста и нејзиниот третман може дополнително да го нарушат квалитетот на сонот.
– Ракот на крвта може значително да ја наруши вашата дневна рутина, па не е чудно што влијае и на вашиот сон – велат од организацијата Blood Cancer UK, пренесува „ Експрес “.
Ракот на крвта влијае на производството и функцијата на крвните зрнца, а најчесто се јавува во три форми: леукемија, лимфом и миелом.
Симптомите се различни, но некои од најчестите се:
- хроничен замор,
- ноќно потење,
- необјаснети модринки,
- осип,
- бледа кожа.
Покрај тоа, ракот на крвта може да предизвика и болки во коските, гадење, проблеми со мочниот меур, невролошки проблеми како периферна невропатија, како и хормонални промени. Доколку забележите симптоми кои ве загрижуваат, важно е што поскоро да посетите лекар.