Бактеријата која предизвикува морници кај докторите ширум светот пристигна и на Балканот. По драстичниот скок на бројот на заболени во Кина, Данска и САД, сега таа е регистрирана и во Романија. Станува збор за микоплазматска пневмонија.
Годинава голем број заболени се евидентирани кај деца на возраст од 8 до 9 години, но случаи се забележани и кај постари деца и возрасни.
Кај децата болеста се манифестира со главоболка и суво грло, а често и со треска и кивање. Има случаи кога пациентите се жалат на црвени очи и чувство на гадење и повраќање.
Бактеријата се шири со капки, поради што докторите советуваат да се избегнуваат места со многу луѓе. Инфекцијата најчесто се јавува во големи колективи – училишта, градинки, установи каде што голем број вработени седат во иста просторија.
Микоплазмата може да предизвика атипична пневмонија, која се нарекува атипична пневмонија бидејќи не се слуша кога се слушаат белите дробови со стетоскоп.
Да потсетиме, Холандија неодамна објави дека се бори со бранот заболени од пневмонија, а слична е ситуацијата и во Шведска.
Данскиот институт за серум „Стетенс“ истакна дека стапките се тројно зголемени во последните пет недели и дека повеќе деца ќе бидат заразени оваа зима.
Она што е различно во споредба со класичната пневмонија е тоа што антибиотиците базирани на пеницилин не влијаат на оваа бактерија.