Полицијата во Лондон ја истражува мистериозната смрт на жена, чие тело беше пронајдено во корпа за отпадоци во близина на областа Голдерс Грин утрово околу 9 часот.
Еден од соседите тврди дека телото го нашол во комуналните канти пред зградата, а во близина имало розов ранец со лични работи.
– Телото било во канта за рециклирање, а ранецот бил над една од кантите – рекол соседот кој го пронашол телото.
Полицијата соопшти дека смртта во моментов се третира како „необјаснето“, според Скотланд Јард.
Портпаролот на Метрополитен полицијата потврди дека инцидентот се случил, а лекарите на Итната помош констатирале смрт.