Момче (6 г.) е пронајдено мртво во автомобил во шума во близина на Браденбург, соопшти германската полиција, пренесуваат медиумите.
Според првите сознанија на полицијата, во автомобилот била пронајдена и мајката на детето. Таа била жива во моментот на нејзиното откривање и добила докторска помош.
Службите за итни случаи го пронашле автомобилот на улица недалеку од селото Брусендорф во 01:52 часот по локално време.
Што точно се случило и како починало момчето се уште не се знае.