Двајца работници за контрола на штетници умреле мистериозно во источна Англија, откако биле пронајдени замрзнати до смрт на фарма за пилиња во 2018 година, пишува Дејли мејл.
Џонатан Колинс (34) и Нил Мун (49) беа пронајдени мртви во раните утрински часови на 4 октомври на фармата Атлборо во Норфолк. Помошникот судски лекар Кристофер Лич пред судот во средата изјави дека земјата на која биле пронајдени е замрзната.
– Тие се пронајдени во тесен простор помеѓу надворешниот ѕид на фабриката и ѕидот на железничката станица. Оваа истрага моментално е суспендирана и не е соодветно да се продолжи со неа во оваа фаза – зборовите на Лич ги пренесе британскиот таблоид.
И двајцата имаа замрзнати раце и лица. Дополнително разгледување на доказите е закажано за 11 декември годинава.
Според Дејли Мејл, полицијата минатата недела потврдила дека две компании се под истрага за убиство од небрежност, поточно две точки за убиство од небрежност и прекршување на должноста според Законот за здравје и безбедност при работа.
Оттаму додаваат дека како причина за несреќата се истражува потенцијално истекување на гас за ладење. Семејството на покојниот Колинс изјави дека тој е посветен семеен човек кој ќе им недостига на сите што го познаваат.
Вдовицата на друг вработен, Мун, го опишала како најубавиот сопруг и татко. Синот го нарече свој херој и најдобар татко што некогаш можел да го посака, пишува Дејли Мејл.