„Ерусалим пост“ објави снимка од мароканска надзорна камера на социјалните мрежи на која се гледаат мистериозни блесоци на сина светлина на небото пред разорниот земјотрес што ја погоди земјата во петокот вечерта.
Според угледниот израелски весник, видеото е снимено во градот Маракеш околу три минути пред земјотресот во кој досега загинаа околу 2.500 луѓе.
Се наведува дека не е разјаснета причината за оваа појава, како и дали станува збор за некаква најава за непосредна опасност.
,,Јерусалим пост“ наведува дека, сепак, треба да се истакне дека вакви блесоци биле видени и претходно и биле снимени од надзорните камери пред разорниот земјотрес што ја погоди Турција на почетокот на годинава, во кој загинаа 45.000 луѓе.
Според една хипотеза, се вели дека тие се резултат на тектонски притисок, сеизмичка активност во околината, па дури и вулкански ерупции.
Сепак, точната причина за овие чудни појави сè уште не е утврдена.
,,Ерисалим Пост” наведува дека е интересно што светлата поврзани со земјотреси се споменувале во далечното минато, а со развојот на модерната технологија се посветувало поголемо внимание на оваа појава.
Се вели дека во поновата историја, првиот таков случај е забележан со камера за време на земјотрес во Јапонија во 1965 година, а потоа слични феномени се забележани во Кина во 2008 година, Италија во 2009 година и Мексико во 2017 година.