МИСТЕРИЈАТА ЗА ТРУЕЊЕТО НА УБАВАТА МАРИЈАНА – Нејзиниот сопруг е трн во око за Владимир Путин, има преживеано повеќе од 10 атентати, а еве што се случило сега

Маријана Буданова, сопругата на Кирило Буданов, првиот човек на Управата за разузнавачки прашања на Министерството за одбрана на Украина (СУБ), е хоспитализирана со симптоми на труење. Ова во вторникот (28.11) го објавија неколку медиуми повикувајќи се на анонимни извори во украинската воена разузнавачка служба. Наводно, се спречени сериозни последици бидејќи труењето било навремено откриено.

Труењето подоцна го потврди портпаролот на тајната служба, Андриј Јусов. Според него, лекувањето на Маријана Буданова е веќе завршено. Сепак, таа ќе остане под опсервација во следните неколку недели. Според украинскиот портал LIGA.net, повикувајќи се на Андриј Јусов, самиот Кирило Буданов не бил отруен.

Според поранешниот директор на украинската разузнавачка служба Валериј Кондратјуков, во примероците од крвта на Маријана Буданова биле пронајдени тешки метали.

Тестовите открија елементи како што се арсен и жива“, изјавил Валериј Кондратјуков за украинската телевизија NW.

Според него, неколку вработени во тајната служба имале симптоми на труење.

Не зборуваме за телохранителите што ја придружуваат сопругата на Кирило Буданов, туку за високи функционери, раководители на одредени сектори кои се особено одговорни за операциите во Русија“, вели Валериј Кондратјуков

Тајната служба на Украина ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација.

Кирило Буданов

Малку може да се најде за семејството на Кирило Буданов во отворени извори. Познато е само дека сопругата на првиот човек на разузнавачката служба е родена во селото Ставишче, во областа на Киев, по професија е психолог, има 30 години и десет години е во брак со Кирило Буданов.

Во интервју за магазинот El во 2022 година, таа изјави дека го запознала својот сопруг есента 2013 година, непосредно пред протестот против ненадејната најава на тогашната украинска Влада дека не сака да го потпише планираниот договор за асоцијација со Европската унија. Во последната фаза од протестите, во пролетта 2014 година, следеше руската анексија на Крим и дестабилизацијата на земјата.

Нејзиниот сопруг од почетокот бил ангажиран во Донбас, каде двапати бил ранет. Таа доброволно се пријавила во болницата и им помагала на ранетите војници.

Во 2020 година, Маријана Буданова учествувала на изборите за градскиот совет на Киев со партијата УДАР на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Партијата УДАР, сепак, не доби мандат. Една година по изборот, Маријана Буданова стана советник на Виталиј Кличко и беше одговорна за борбата против корупцијата во областа на младинската политика и спорт.

Сè се смени на 24. февруари 2022 година“, рекла Маријана Буданова во интервју за El за денот кога започна руската агресивна војна. 

Кирило Буданов подоцна изјави за порталот The War Zone дека неговата сопруга е „полициска службеничка“ и предава психологија на Академијата на Министерството за внатрешни работи.

И Кирило Буданов и неговата сопруга во многу од нивните интервјуа зборуваа за почетокот на руската инвазија и изјавија дека се преселиле во канцеларијата на директорот на разузнавањето на 23. февруари 2022 година и оттогаш живеат таму заедно.

Се спремивме и возевме до неговото работно место и оттогаш не сме биле дома. Не бевме особено подготвени за тоа. Зедовме документи, телефони и облека на одредено време. И така тргнавме“, открила Маријана Буданова.

Нејзиниот сопруг изјави за медиумите во август 2023 година изјави: „

Мојата мила е секогаш со мене, таа живее со мене во канцеларија 24 часа на ден“.

Летово, прес-службата на СУБ објави дека Кирило Буданов веќе преживеал повеќе од десетина обиди за атентат и останал важна цел на руското разузнавање и пропагандата на Владимир Путин.

Секако дека се преземаат сите мерки, но тоа не влијае на неговата работа. Мислам дека Владимир Путин и неговиот најблизок круг треба да се плашат“, изјави портпаролот на воената разузнавачка служба Андриј Јусов.

Претходно, Кирило Буданов во разговор со украинскиот новинар Дмитро Комаров за обидите за атентат кажа дека тие се своевидно признание и само ќе покажат дека тој како директор на украинската разузнавачка служба си ја завршил работата како што треба.

Во меѓувреме, Андреј Јусов вели дека Украина се сомнева дека Русија е вмешана во труењето на Маријана Буданова.

Истрагата допрва ќе покаже дали е тоа така, но ова е моментално нашата главна хипотеза“, вели портпаролот на тајната служба.

војнаКирило БудановМаријана БудановаРусијаУкраина