МИСТЕРИЈА НА ФРОНТОТ ВО УКРАИНА! Откриена низа од 16 НЕОБИЧНИ СФЕРИ среде поле, а никој не знае за какво РУСКО ОРУЖЈЕ станува збор (ФОТО)

Низа од 16 мистериозни структури се снимени во близина на линијата на фронтот  во Украина!

Серхиј Бескрестнов, украински воен експерт за електроника, објави воздушни фотографии на својот канал Телеграм на кои се прикажани низа руски мистериозни сфери кои се поставени во поле и кои се закаќени за задниот дел од камион пред да бидат извадени и инсталирани. Видливи се и маскирни мрежи или некаков вид церада поставена околу конструкциите, како и исчистена област во близина на местото каде што се наоѓа камионот.

СЛИКА: СКРИНШОТ НА ТЕЛЕГРАМА

Сè уште не е познато дали структурите биле снимени од сателит или со извидувачки дрон. Не е познато кога и каде се направени фотографиите.

СЛИКА: СКРИНШОТ НА ТЕЛЕГРАМА

– Мислев дека знам за сите технолошки решенија на непријателот. Сега сум збунет од збирот на некои хемисфери по ред – напиша Бескрестнов на својот канал Телеграм.

Бескрестнов веднаш ја отфрли можноста дека структурите би можеле да бидат сферични антени на надувување или куќишта за антени за комуникациски цели. Тој, исто така, експлицитно истакна дека низата е некомпатибилна со рускиот противбатериски систем пеницилин 1B75, кој користи акустични сензори и термички слики за откривање на дојдовниот артилериски оган и потоа го (гео)лолицира неговиот извор.

Порталот TWZ наведува дека таквата низа веројатно би можела да содржи и сензори кои можат да детектираат сигнали и да ги геолоцираат радиодифузерите преку триангулација. Исто така, не е исклучено градбите да претставуваат само теренски утврдувања или препреки.

TWZ истакнува дека фотографиите покажуваат релативно добро одржувано поле без големи патеки кои би можеле да се поврзат со движењето на тешки воени камиони.

Украинските сили за специјални операции, да потсетиме, неодамна го погодија рускиот систем за електронско војување Борисоглебск-2  во источниот дел на земјата.