Француската водителка и Мис Универзум 2016 Ирис Митенер го привлече вниманието на присутните на црвениот тепих на 79-от Кански филмски фестивал со елегантно издание.
Таа носеше црн фустан со исечоци кој ги истакнуваше нејзините гради и нозе. Таа го надополни својот изглед со малку виткана фризура, шминка во природна боја, обетки, ѓердан и црни зашилени потпетици.
Таа потсети на изданието на Анџелина Џоли во кое се појави на Оскарите во 2012 година.
Angelina Jolie at the Oscars (2012) pic.twitter.com/1362u87nCj
— ✨Raquel & her Minions✨ (@THENAGODOFWAR) October 8, 2022
Митенер стана втората Французинка што ја освои круната, освојувајќи го изборот за Мис Универзум 2016. Пред неа, Кристијан Мартел го постигна ова во 1953 година.
Таа беше и првата европска победничка по Оксана Федорова од Русија, која беше крунисана за Мис Универзум 2002, но набргу потоа ѝ беше одземена титулата.
За време на натпреварот, Митенер, меѓу другото, повика на отворање на границите.
„Низ целиот свет, луѓето можат да изберат дали да имаат отворени или затворени граници. Во Франција сакаме да имаме најголема можна глобализација. Можеби тоа еден ден ќе се промени, но сега имаме отворени граници“, рече таа.