Митева: Ако не прифати избори, власта ќе докаже дека купува време за криминал и корупција

– Ако не се прифаќа барањето за избори, власта уште еднаш ќе докаже дека се што им е важно се ден или месец повеќе за повеќе криминал и корупција, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање на денешната пресконференција.

Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се случат и нагласи дека приоритет на нејзината партија е мислењето на граѓаните за кандидатите кои ги предлага.

– Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е мислењето на граѓаните за кандидатите кои ги предлага, така ќе биде и овој пат, по опсежна анализа и анкета ќе го имаме најдобриот кандидат за претседател на Македонија, рече Митева одговарајќи на прашање дали ВМРО-ДПМНЕ почна да работи во врска со кандидатот за претседател.