Митева: Кабинетот на премиерот Мицкоски е во постојана комуникација со семејствата на погодените од пожарот во Кочани

Портпаролката на Владата Марија Митева денес, во рамките на форумот „Кочани е наш приоритет“, изјави дека лица од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во постојана комуникација со семејствата на оние кои ги загубија своите роднини во трагедијата во Кочани.

На прашањето дали има некакво предупредување за тоа кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева рече дека од она што го знае, тој веќе се сретнал со дел од семејствата и дека постои договорена динамика за средби.

„Верувам дека доколку има интерес за средба побатаму, се надевам дека ќе бидеме достапни и јавноста ќе биде веднаш информирана кога тоа ќе се случи. Сепак, морам да нагласам дека постои динамика на средби со семејствата што се спроведува, но поради нивно барање тоа не е јавно објавено“, рече Митева.