На вечерашната седница на Централниот одбор, СДСМ ги одреди министрите, вицепремиерите и дополнителните заменици министри во преодната влада која треба да стапи на должност на 28ми јануари 2024 година.
За дополнителен заменик министер, СДСМ преку Централниот одбор го именуваше Митко Бојмалациев.
Бојмацалиев е шеф на кабинет на актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, речиси од првите месеци откако беше назначен за министер за внатрешни работи.
Според информациите со кои располагаме, станува збор за докажан професионалец кој одлично ја познава структурата и хиреаријата во МВР.
Откако СДСМ денеска номинираше дополнителни заменици во министерствата кои во преодната влада треба да ги предводат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, на ред е опозициската партија да номинира свои кандидати за две министерски и три дополнителни заменички министерски места во техничката влада.