Фудбалерите на Ал Хилал го освоија Купот на кралот, откако во финалето го совладаа Ал Наср во пенал рулетот (5:4).
Кристијано Роналдо на тој начин остана без трофеј оваа сезона, а шампионската титула и трофејот во Купот завршија во рацете Александар Митровиќ кој ја одбележа оваа сезона.
Ал Хилал поведе со голот на Митровиќ во седмата минута, а израмни Ал Наср во 88. преку Јахаја. Следуваше пенал рулет, во кој актуелните шампиони поминаа подобро.
Поразот, деветти од десетте меча против Митровиќ и неговите избраници, беше исклучително тежок за славниот Португалец, кој не успеа да ги контролира емоциите по мечот. Веднаш по мечот тој падна на теренот во солзи, а потоа долго плачеше на клупата додека Митровиќ и неговите избраници ја славеа двојната круна.