На денешен ден, пред 10 години, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање.
Еден од најдобрите и најпопуларни спортисти на сите времиња на 29.12.2013. се здоби со повреди на главата на француските Алпи. Зимскиот одмор се претвори во катастрофа која го одбележа животот на семејството Шумахер.
Мајкл скијал на неуреден дел од планината и во таа прилика паднал и со главата удрил во карпа. Кацигата се скршила на половина, но му го спасила животот, по што со хеликоптер бил префрлен во болница.
Во јавноста стигнаа различни информации за неговата состојба, но семејството уште од првиот ден инсистираше на строга приватност, па и денеска многу работи не се познати.
Најпрвин јавноста беше информирана од Сабине Кем, а потоа неговиот адвокат Феликс Дам на рочиштето за тужбата против германскиот магазин „Бунте“ изјави дека Мајкл ниту може да оди ниту да стои.
Во отсуство на официјални информации, сите овие години беа исполнети со шпекулации, лажни вести и непроверени „инсајдерски“ информации од неименувани пријатели или поранешни соработници.
Од ,,затворање” во кревет и хранење преку цевка, до седење во инвалидска количка, тој има слаба меморија и ги поминува деновите гледајќи низ прозорецот. Еден таков извор откри дека сопругата на Мајкл, Корина и децата Џина-Мари и Мик не престанале да се надеваат на „медицинско чудо“.
Шест години по несреќата, зборовите на познатиот неврохирург Никола Ацери не беа охрабрувачки. Тој тврдеше дека Шумахер не може да биде во добра форма.
– Поминаа шест години, мора да разберете дека тој не може да биде ист како порано. Сите делови од неговото тело се оштетени, а сето тоа како последица на оштетување на мозокот предизвикано при падот – изјави Ацери.
Неврохирургот, исто така, изјави застрашувачки тврдење дека Шумахер не би бил жив ако не бил богат.
– Пациентите кои не се толку финансиски моќни сигурно досега ќе умреа. Неговата состојба бара 24-часовна грижа, па иако околу себе има цел тим физиотерапевти, невозможно е да се избегнат компликации, како што се мускулна атрофија, остеопороза и дисфункција на органи – додаде Ацери.