Мицкоски: Ако сакаме да одиме напред, мора да гледаме на квалитет, а не на партиски

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизијата Алсат го повтори својот став за вработување, потенцирајќи дека во иднина нема да има вработувања по партиска или етничка припадност, туку вработување по квалитет.

„Нема да има етнички или партиски вработувања. Сметам дека треба да го надминеме тоа прашање кога сме функционирале на партиска основа, треба да гледаме на квалитетот, а не на партискиот аспект.

„Без разлика дали е албанска, турска, српска, ромска, македонска и слично, сметам дека треба да го надминеме тоа прашање кога сме постапиле по принципот како досега и треба да се води сметка за квалитетот. Затоа што ако сакаме да одиме напред треба да гледаме на квалитет, а не на партиски препораки“, рече Мицкоски.