Премиерот Христијан Мицкоски испрати честитка за православниот Божиќ во која посака овој празник да го поминеме во душевен мир, со радост во срцето, во кругот на семејството и најблиските.
„Во мое лично име и во име на Владата упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.
Во време кога предизвиците се многу, оваа празнична атмосфера не поттикнува да размислуваме за заедништво, како најсилна основа за градење подобра иднина.
Божиќ нека биде потсетник дека со верба, работа и меѓусебно разбирање можеме да создадеме општество исполнето со мир, правда и напредок“, пишува Мицкоски.
Нека Божиќ, додава премиерот, ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.