Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање пред граѓаните рече дека во последните шест месеци се направени низа чекори кои ја стабилизирале економијата и доведоа до посакуваниот раст од 3%.
„Следната година планираме уште поголем раст.
Ангажиравме 300 млади лекари специјалисти, нови градинки, училишта, спортски сали, водоводни цевки. Најголема поддршка имаме за тутунарите, оризопроизводителите.
Отворивме фронт за борба против криминалот и корупцијата со докази и без двоумење. Имаме уште многу работа“, рече меѓу другото премиерот во својот говор.
Во 2025 година, Мицкоски вели дека Владата ќе биде фокусирана на интеграцијата во ЕУ и спроведувањето на реформите за членство.
„Среќна и успешна Нова Година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Господ да ја благослови Македонија и нејзините граѓани“, рече премиерот.