– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шеф на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.
Мицкоски го информирал Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.
Во однос на економската состојба, Мицкоски потенцирал дека македонската економија е во колапс, а актуелната Влада, како што се вели, наместо да е насочена кон решавање на ова прашање, е насочена кон криминал и корупција.
Мицкоски го информирал Вадефул дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.
Мицкоски и Вадефул се согласиле соработката треба да продолжат во иднина.