Мицкоски: Економијата на земјата порасна

Премиерот на земјата, Христијан Мицкоски, вели дека зголемувањето на извозот во мај годинава е одлична вест за македоснската економија и значи повеќе пари за македонските граѓани.

Премиерот нагласува дека по неколкумесечен пад, конечно има раст за економијата на земјата.

„Извозот на Македонија расте! Одлични вести за македоснската економија. Во мај, извозот на Македонија порасна за неверојатни 23,44 проценти во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а особено предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Исто така, забележавме зголемување на извозот на Македонија во првите пет месеци од 2025 година, во периодот јануари-мај, извозот на Македонија порасна за 3,15 проценти во евра, во споредба со увозот за истиот период, кој порасна за 1 процент. Туризмот расте, БДП расте, индустриското производство расте, инвестициите растат, извозот расте…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Времето на Македонија доаѓа“, вели Мицкоски.