Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска потпиша договор со коалициските партнери.
Договорот е потпишан со 24 партии, меѓу кои се „Достоинство“ на Стојанче Ангеллов и „Обединети за Македонија“ на Лубе Бошковски, како и ЛП на Павле Трајанов, партии кои неодамна беа дел од владината коалиција.
„Денеска ја потпишавме повелбата за стратешка коалиција и утврдување на принципите на идната работа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, наречена „Ваша Македонија“. Стоиме зад бранот промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија!“, рече Мицкоски.