Премиерот Христијан Мицкоски денес беше прашан за минималната кошничка, која во јули достигна 65.328 денари. Мицкоски рече дека ќе има состанок на Економско-социјалниот совет, на кој ќе предложи промена на пресметката на минималната кошничка.
Мицкоски рече дека ќе предложи да има пет сегменти на минимално трошење, кои ќе вклучуваат различни категории граѓани.
„Мислам дека треба да се подели на 5 сегменти. Потрошувачка кошничка за самец, синдикална кошничка за млад брачен пар, за семејство од три члена, за семејство од четири члена и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да вклучиме анализа на петте потрошувачки кошнички, бидејќи потребите на луѓето се според возраста, секако, но потребите на луѓето зависат и од бројот, од тоа како е составена една заедница.“
„Ова ќе биде мојот предлог, кој го добив и од академската заедница. Потребите на пензиониран пар не се исти како на млад брачен пар, или семејство од 3-4 члена и еден самец. Само со повеќе анализи можеме да дојдеме до подобри резултати“, изјави меѓу другото Мицкоски.