Ги дефиниравме нашите црвени линии. А од нив, ниту ние, ниту некој нема да тргнеме, ниту милиметар. Не затоа што немаме никаква причина да одиме пред и потоа, туку едноставно, граѓаните на Македонија и народот на Македонија не смее да се разочараа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
„Нема да бидеме жртва на билатерализација на процесот на инклузија на Македонија кон ЕУ. Покажавме што можеме и ова е максимумот што можеме да го направиме. И тоа им е кажано на сите светски фактори. На сите луѓе кои општо одлучуваат или имаат некаква улога во светската политика,” речеМицкоски одговарајќи на новинарски прашања за изјавата на Александар Николовски дека Франција мора да ги почитува уставните измени и дали има комуникација со францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој потсети дека имаме меѓународна политика целосно усогласена со ЕУ.
„Еве го министерот за надворешни работи и надворешна трговија, пред неколку дена потпиша Договор со господинот Борел. Реформите ги развиваме целосно во согласност со барањата на ЕУ. Работиме во согласност со ЕУ. Ако ЕУ сака да биде заложник на некои земји-членки во процесот на билатерализација, добро, и ние го разбираме тоа. Оставете ги да ја завршат домашната задача, да ги решаваат проблемите внатре во куќата. Ние не сме опасност за никого“, рече премиерот Мицкоски.
Ние, рече, сакаме само да нè остават да ги решаваме проблемите внатре.
„Направивме сè, се што е потребно, направивме. Ако мислат дека треба целосно да се понижиме, да се уништиме во идентитетот и никогаш да не бидеме таму каде што треба, добро. Ова е нивно право. Сфаќаме, во ред. Тие одлучија да бидат заложници на луѓето кои живеат во средниот век, а не да гледаат напред. Ова е нивна одлука. Нека нè остават сами да ги решаваме внатрешните проблеми. Заинтересирани сме за инвестиции, повеќе вработени, добро платени работници. Сè ќе усогласиме со европските регулативи. Ние не сме опасност за никого. Нема веќе никакво влијание, тука има европско влијание“, рече Мицкоски.
Ние сме, рече тој, земја членка на НАТО и нема друго влијание.
Ако мислат дека се заложници на таквите политики на некои поединци во ЕУ, тоа е нивно право. И оставам на нив. Во меѓувреме ќе ги решиме локалните проблеми. Веќе пет месеци нема корупциски скандал, нема скандал каде што може да се видат чанти на Луј Витон со милиони внатре, нема скандал каде што некои веат европски знамиња, купуваат хотели во центарот на градот. Не постои такво нешто. Посветени сме вистински да работиме за граѓаните. Ова е нашата цел“, рече Мицкоски.
Премиерот рече „ако мислат дека тоа не е доволно, дека не треба да бидеме дел таму според заслугите, туку за нешто што се случило во средниот век, тоа е нивно право“.
„Еве решија да бидат заложници на такви политичари, нека бидат. Дозволете ни да ја завршиме домашната задача. И повторно ќе биде според правилата на ЕУ, а не според други правила. Затоа што веруваме, веруваме во вредности каде што напредокот се прави според заслуги, а не според туѓото понижување“, рече Мицкоски.