Добар ден и од мене, секогаш претставува чест и задоволство да се биде дел од проектите кои што ги реализираат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
Александар како градоначалник на општина Ѓорче Петров и покрај исклучително тешката состојба која што како општина ја наследи, повеќе од 140 милиони денари долгови, денеска тој долг е драматично намален.
Успева еве да обезбеди средства, да дел од проектите кои што беа ветувани за време на кампањата во 2021 година да ги реализира. Еден од тие проекти е овој, за останатите самиот градоначалник кажа.
Јас му честитам нему, честитам на дел од советниците кои ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, советниците во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, пратеникот Бојан Стојаноски, кој што во парламентот секогаш се обидуваат преку амандманската расправа да обезбедат денар повеќе за проекти овде во општина Ѓорче Петров.
Но, за жал имаме работа со Влада што е комплетно ненародна и гледаат како да ги казнат сопствените граѓани зошто тие во 2021 година гласале за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што која предводи ВМРО-ДПМНЕ.
Но, добрата вест е што за неколку месеци од денеска оваа криминална Влада на ДУИ поддржана од СДС ќе замине, ќе замине и нема повеќе да биде реалност. И тогаш доаѓа Влада на ВМРО-ДПМНЕ која што има намера да биде Влада за сите граѓани во Македонија без разлика дали општината има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, од СДС, од ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА или е некој независен градоначалник. Не значи ако граѓаните гласаат против политичката опција која што е Влада дека Владата треба тие граѓани да ги казнува. Сите граѓани во Македонија се граѓани кои што треба да ги поддржува Владата.
Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера повеќе од 250 милиони евра годишно да инвестира во локални проекти. Вакви проекти како што се овие, улици, канализации, водоводи. Бидејќи граѓаните во Македонија се соочуваат со немање основни услови за живот. Тоа е суштината која што повеќе од три децении е заборавена.
Бркајќи провизии на крупни проекти, политичарите повеќе од три децении заборавиле на овие луѓе кои што еве денеска одејќи наваму м и рекоа конечно после пет децении добиваме и ние улица. Замислете во 21-от век зборуваме за нешто што треба да биде основа, а не да биде привилегија.
Така што ќе ми дозволите уште еднашка да му честитам на Александар, на дел од советниците, на администрацијата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје, пратениците, потпретседателот Мисајлоски, Стојаноски, и сите оние кои што даваат своја додадена вредност во општина Ѓорче Петров. И да им посакам уште многу, многу вакви проекти, а за неколку месеци од денеска и ќе имаме повеќе средства на располагање, повеќе проекти. Јас сум убеден дека и повеќе од тоа што беше ветувано во кампањата во 2021 година ќе биде реализирано.