Премиерот Христијан Мицкоски вели дека РCМ е една од земјите со највисок економски раст во Европа.
„Ние сме новата надеж. Ние сме промената што не се плаши да се соочи со предизвици, да ги исправи грешките и да воспостави ред и правда. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста во време кога економијата беше во криза, кога граѓаните беа загрижени и разочарани. Но, денес, со гордост можеме да кажеме дека нашата земја е една од најбрзо растечките економии во Европа со четврти највисок економски раст на бруто домашниот производ“, рече премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан по повод 35-годишнината од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски, за време на својот говор, нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање нови работни места, на подобрување на условите за сите работници, особено за младите, земјоделците и пензионерите.
„Сепак, не треба да се фалиме со бројките. Знаеме дека овој раст не е доволен, дека луѓето сè уште не го чувствуваат подобрувањето во нивниот секојдневен живот. Затоа работиме напорно за да ги поправиме штетите од минатото, да создадеме стабилна и предвидлива економија, да отвориме нови работни места, да ги подобриме условите за сите работници, особено младите, земјоделците и пензионерите“, рече тој.