Мицкоски: МВР треба да дејствува, а не да користи реторика со етничка поделба

Премиерот Христијан Мицкоски го осуди случајот со насилство врз двајца млади Албанци во Тетово.

Тој вели дека го осудува секаков вид физички напад, но и реториката на политичарите во вакви случаи, која според него, има тенденција да им даде етничка конотација.

„Реториката на политичарите кои за жал го започнаа ДУИ, во нивните настани каде што зборуваа за етничка поделба, враќање во 2001 година, бидејќи не можете да очекувате ДУИ да зборува за образование, за здравство, економија, инвестиции и така натаму. Единственото нешто за кое можат да зборуваат е поделбата и 2001 година. За ова зборува ДУИ. Ваквата реторика предизвикува ваква реакција. Апсолутно ги осудувам сите инциденти, апсолутно ги осудувам физичките напади, без оглед на тоа кој ги извршува и зошто. За мене е важно Министерството за внатрешни работи да дејствува веднаш, да ги пронајде сторителите и да ги изведе пред лицето на правдата, без оглед на тоа кои се тие“, изјави Мицкоски.