Мицкоски: Мојот став за Коридорот 8 не е променет, но стопирањето на работите би било поштетно

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неговиот став за договорот со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 8 не е променет, но како одговорен политичар нема да дозволи никакво повлекување од започнатото.

„Мојот став во однос на тој коридор и тој договор не е променет. И до ден денес го кажувам истото. Но, како одговорен политичар нема да дозволам да се направи чекор назад од започнатото, бидејќи на тој начин освен 350-те милиони евра што веќе ги плати претходната власт како аванс, ништо не е направено.

Со оглед на тој криминален и неуставен договор, ќе завршиме на арбитража, која веројатно ќе ја изгубиме и така ќе платиме уште најмалку 350 милиони долари, и ќе завршиме некаде помеѓу 700 и 1 милијарда долари и ќе нема ниту еден километар автопат”, рече тој.

Премиерот нагласи дека тој и неговата влада одлучиле да ги засукаат ракавите и да работат. Парите на граѓаните, додаде Мицкоски, треба да се инвестираат во образованието итн.