Мицкоски: Наскоро Комисијата за историски прашања РСМ-Бугарија ќе има нови членови

Премиерот Христијан Мицкоски денеска предупреди дека на наредната седница на владата или на таа по неа ќе бидат објавени новите членови на тимот на Република Македонија од мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

„Очекувам деновиве да се сретнам со министерот за надворешни работи и надворешна трговија. Сега е во странство, мислам дека вчера беше во Блед, денес во Белград, а потоа оди во друга држава. Кога ќе се сретнам со него, ќе ги прецизираме. Има некои идеи, има некои размислувања. Мислам дека на следната владина седница или потоа ќе помине новиот состав на комисијата што преговара за историски прашања со нашиот источен сосед, но и со јужниот“,  изјави Мицкоски по почетокот на изградбата на фабрика за литиумски батерии во Скопје.