Мицкоски: Нашата армија е гаранција дека овој народ ќе има простор да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, по повод Денот на армијата – 18 август, рече дека нашата армија е гаранција дека овој народ ќе има терен да се развива, создава и гради својата иднина.

„Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога оддаваме почит на една од најважните институции на државата.

„Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжување на идеите на Илинден и Македонската народноослободителна војска, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите предци се бореа со срце, со жртва и со визија“, напиша премиерот на Фејсбук.

Мицкоски нагласува дека Армијата денес е симбол на новата ера и дека денес инвестираме во опрема, инфраструктура и услови за достоинствен живот и работа на војникот.