Мицкоски: Нашите граѓани ќе бидат евакуирани од Израел со владин авион

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека владин авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел.

„Во секојдневна комуникација сум со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Мучунски, и се прави план за евакуација на заробените македонски граѓани.

Ќе биде ангажиран и владин авион за нивен транспорт до една од соседните земји, најверојатно во Египет.

„Моментално има девет граѓани и очекувам евакуацијата да биде завршена до утре“, рече Мицкоски.