Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на САД, ќе учествува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Вашингтон, а се сретна со Девин Нунес, шефот на советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршниот директор на корпорацијата медиум Трамп, Џон Битов – американски бизнисмен по потекло од Македонија, сопственик на неколку мултимилионски компании, Марко Галина – бизнисмен и шеф на МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на Групацијата Рамбл.
„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од кои корист ќе имаат граѓаните. Меѓу другото, ги истакнав напорите што Владата ги прави за стабилизирање на економијата, рекордот што го постигнавме во привлекувањето инвестиции во државата и поволностите што се нудат. Ја искористив можноста да лобирам за интересите и позицијата на Македонија во однос на клучните прашања за нас. Се работи за луѓе со високи позиции во американското општество со можности да влијаат на важни прашања за нас“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски на инаугурацијата на Трамп ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерот за европски прашања Викторија Трајков.