Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ реагираше во врска со обвинувањата упатени кон првиот човек на општина Кочани.
Според Мицкоски, МВР на Спасовски и Ковачевски открило „големо“ криминал. Градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, според Мицкоски, е обвинет дека го назначил единствениот кандидат кој се пријавил за директор на основно училиште.
„Значи не е тендер, не е приватен договор, туку одлука да се именува директор кој не бил наклонет на владата. Инаку, морам да напоменам дека против Мерко нема кривична пријава за поставување на средношколка за директор. Нормално, нема кривична пријава бидејќи зелените од ДУИ ќе се лутат на СДСМ. Со оваа власт нема зима за криминалци. А Папазов е силен и добро знае дека колку повеќе притискаат толку повеќе ќе бидат поразени. И тогаш ќе има вистинска одговорност за вистински криминали“, пишува Мицкоски.
Против градоначалникот на општина Кочани е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службената положба.