Премиерот Христијан Мицкоски денес објави дека Законот за коцкање е готов.
Мицкоски не даде детали за тоа што предвидува новиот закон, но нагласи дека со новото законско решение очекува бројот на таканаречени клубови за слот машини природно да се намали.
„Законот за игри на среќа, по неколкумесечна работа и негово усогласување, е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура, а потоа да влезе во Парламентот. Ќе има многу новини, многу промени, а очекувам и бројот на таков тип на слот-клубови, по донесувањето на овој закон, природно да се намали“, рече Мицкоски.