Мицкоски: Оваа Влада нема намера да губи повеќе од своето достоинство за интеграција во ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски очекува претстојната посета на Македонија на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и средбата со неа да го потврдат ставот дека нашата стратешка цел останува полноправно членство во ЕУ, и се надева дека во тој процес ќе има резултати од ЕУ.

Мицкоски денес, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на целосно реновираниот оддел на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивна нега и Центар за итни случаи (TOARILUC), нагласи дека во последните 25 години, чекорејќи по патот на ЕУ, Македонија полека го изгубила својот лик и достоинство, истакнувајќи дека оваа Влада повеќе нема намера да го прави тоа.

„Очекувам да ги потврдиме позициите дека нашата стратешка цел останува полноправно членство во ЕУ. На некој начин, во последните 25 години, како полека да го изгубивме нашиот лик, одејќи по тој пат, како малку да ни останало од тоа достоинство и од тој лик, одејќи кон тој пат. Се надевам дека ќе има испраќање од ЕУ, за да барем малку зачуваме од нашиот лик пред да влеземе, бидејќи со изгубениот лик и автентичност, нема да можеме ни ние да работиме за нив, а оваа Влада нема намера да изгуби повеќе од своето достоинство и лик“, рече Мицкоски.

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, вчера од Тирана ја започна својата тридневна турнеја низ регионот на Западен Балкан, во чии рамки утре ќе отпатува за Скопје.