Мицкоски: Оваа недела ќе се сретнам со претставници на ВЛЕН, ќе се разјаснат многу работи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот на неделата ќе се сретне со лидерите на коалицијата ВЛЕН за да разговараат за сите случувања по заминувањето на Таравари од Владата.

На прашањето што ќе се случи со другите функционери на АА на Таравари кои сè уште држат раководни позиции, Мицкоски рече дека сè ќе се дознае во текот на оваа недела.

„Вистинската политика е прашање на можност. Апсолутно сум свесен за ова. Оваа недела многу работи ќе бидат појасни. Но едно е јасно, дека за помалку од 5 месеци од почетокот на кампањата за локалните избори, ќе бидат дефинирани два блока. Блокот на криминалот и минатото и блокот на иднината и просперитетот на Македонија, за жал, ќе повторам, Арбен Таравари одлучи да се приклучи на првиот блок, блокот со црни листи, со листи на санкции на криминални политичари.“

„Оваа недела многу работи ќе бидат појасни. Очекувам да се сретнам со луѓето што се во ВЛЕН и да разговараме за иднината на владата, коалицијата со јасна програма до локалните избори и понатаму, па многу работи ќе бидат познати оваа недела“, рече меѓу другото Мицкоски.