Мицкоски – Орбан: Двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката

На маргините на Самитот во Лондон, премиерот Христијан Мицкоски се сретнав со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Како што вели премиерот Мицкоски, разговарале за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија.

„Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката. Исто така се заблагодарив за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните“ напиша Мицкоски на Фејсбук.