Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ се надева дека на следните парламентарни избори неговата партија ќе освои 61 пратеник.
„На следните избори очекувам ДУИ да биде изненадена од бројот на освоени гласови. Овој лидер на ДУИ е многу сериозно вмешан во криминал. Нашата опција е да и дадеме можности на албанската опозиција. ДУИ треба да помине малку време во опозиција, да се освежи со нови идеи“, рече Мицкоски.
Тој истакна дека на претстојните избори ќе биде носител на листата во првата ИЕ.
„Јас сум роден и израснат во Скопје, живеам во општина Карпош, која е дел од ИЕ 1 и логично е да водам со оваа листа“, рече Мицкоски.