Претседателот на Владата на Република Молдавија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарски прашања за впечатоците од посетата на САД и остварените политички и економски контакти, изјави дека е исклучително задоволен од посетата.
„Посетата беше исклучително корисна, плодна и очекувам во следниот период резултатите да бидат видливи, интензивни и големи. Она што често го кажувам, ќе го повторам и сега.
Ќе ја развиваме нашата битка дома, за вакви проекти, за добра инфраструктура, за нови градинки, за нови училишта, за поконкурентна економија, за подобро здравство, за подобро образование и слично. Тоа се прашања што ќе ги решиме во државата и ќе се бориме и ќе ја добиеме таа битка.
Но, мора да победиме и во Вашингтон, во Њујорк, во Брисел, во Рим, во Париз, во Лондон, во Берлин, насекаде и во другите метрополи во светот. И ние мора да бидеме што е можно погласни и да им презентираме што повеќе аргументи на нашите соговорници, за македонското прашање, за сите предизвици што ни претстојат, но и за оние што ги оставивме зад нас.
И мислам дека сме на добар пат. Веднаш нема резултати, но важно е сè што правиме, го правиме исклучиво за интерес на граѓаните и нашата единствена татковина“, изјави Мицкоски.