– Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес изјави дека ќе се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат по локалните избори.
Во обраќањето на Бизнис-форумот во Струмица, Мицкоски се осврна и на претстојните локални избори во земјата.
„Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран, и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа во 2021 година, и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука, би се согласил, но ако го гледаме од државна логика, тогаш поинаку размислуваме“, рече Мицкоски, додавајќи дека првин ќе се стави интересот на државата пред сѐ, па дури потоа политичкиот интерес.
„Првин да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки“, рече тој.
Локалните избори во земјата се закажани за 19 октомври, а вториот круг гласање е закажан за 2 ноември.