Мицкоски по средбата со Курти: Иднината на Западен Балкан е во НАТО и ЕУ

По заедничката средба меѓу владите на Северна Македонија и Косово, премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти одржаа прес-конференција. Премиерот Мицкоски му се заблагодари на Курти за гостопримството, а зборуваше и за иднината на регионот.

Тој порача дека иднината на земјите од Западен Балкан е во НАТО и ЕУ и дека минатото треба да се заборави.

„Нашата средба беше продуктивна и исполнета со искрен дијалог, што е предуслов за зајакнување на соработката меѓу двете земји. Разговаравме за зголемување на економската и инфраструктурната соработка. Договоривме конкретни чекори кои ќе влијаат на трговскиот однос. Посветивме внимание на образованието, културата и младите. Инвестицијата во овие сфери е инвестиција во иднината“.

„Разговаравме за европската иднина, убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во НАТО и ЕУ. Нашата средба беше да обезбедиме подобар живот за граѓаните на нашите земји. Време е да се зборува за иднината и да се заборави минатото. Сакам да изразам благодарност до Албин Курти за топлото гостопримство“, рече меѓу другото Мицкоски.

Тој нагласи и дека ќе се постигне целта комерцијалната размена меѓу Косово и Македонија да биде над 500 милијарди евра.