Премиерот Христијан Мицкоски денес на владината дебата, на тема „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ – Разработка на стратешки документи за демографска отпорност, објави дека размислуваат за воведување дополнителен данок за невенчаните лица.
Мицкоски рече дека ова може да се направи за да се стимулира растот на населението.
„Тука сериозно размислуваме за воведување дополнителни даноци за невенчаните лица. Почитувани луѓе, нема ништо посвето од животот и нема ништо потажно од фактот дека нашата земја полека се празни денес. Но, исто така, нема ништо похрабро од тоа што луѓето се будат.“
„Ве молиме, време е за иднината, за земја во која ќе се раѓаат повеќе деца. Ова е наш главен императив, повеќе млади луѓе да стапуваат во брак и да имаат повеќе деца“, изјави Мицкоски.