Мицкоски: Реториката на ДУИ ја иритира меѓународната заедница, не носи добри работи за граѓаните

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и’порача на пошироката јавност и медиумите да не обрнуваат внимание на реториката на ДУИ.

Тој изјави дека во наредниот период ќе биде уште потешко, одговарајќи на новинарско прашање за коментар за последното соопштение во кое се вели дека актуелната владина коалиција врши егзодус на Албанците од државните институции.

Премиерот оценува дека со давањето значење на ваквата реторика не им носи добро на граѓаните.

„Ова ги иритира нашите граѓани и партнери во меѓународната заедница. Ова прашање не треба да се поедноставува. Во МВР има случаи на членови на одредени политички партии и од различни етникуми кои ја злоупотребиле својата положба и незаконски издавале дозволи за оружје и други видови документи. Секако дека се санкционирани“, рече премиерот.

Мицкоски очекува негативната реторика да се засили, да биде поостра и иредентистичка.

„Како што ќе се приближуваме до криминалците, таа реторика ќе биде поостра и посилна. Со првите апсења и судења, овие напади ќе бидат уште поинтензивни. Ова е војната против криминалот што ја најавив претходно. Некои работи можат да бидат побавни, но правдата е бавна, но доаѓа“, рече Мицкоски.

Тој смета дека ДУИ ја користи оваа алатка за заштита на имотите што ги стекнале нивните членови или блиски до партијата и побарала да не и се придава значење во мислењето